Прв зелен биткоин во светот

36

Британската компанија Argo Blockchain којашто се занимава со рударење на криптовалути, со седиште во Лондон потврди дека потпишала Меморандум за разбирање со DMG Blockchain Solutions.

Британската фирма за криптовалути ги најавува плановите за создавање на првиот биткоин од чиста енергија.

Целта на меморандумот е да се започне првиот Bitcoin mining pool кој ќе се напојува само со чиста енергија.

Проектот Terra Pool се очекува да го намали влијанието врз животната средина од рударењето на биткоини, создавајќи го првиот “зелен биткоин“.

Питер Вол, извршен директор на Argo Blockchain, вели дека справувањето со климатските промени е приоритет, а партнерството со DMG Blockchain Solutions за создавање на првиот “зелен“ Bitcoin mining pool е важен чекор кон заштита на планетата сега и за генерациите кои доаѓаат.

Компанијата се надева дека и другите компании за рударење на биткоин ќе ги следат нејзините стапки за да покажат поширока свесност за климата.

Дан Реитцик, извршен директор на DMG, рече дека зголемената иновативна моќ на DMG и континуираниот фокус на еколошко ископување биткоин, има можност да поттикне трансформации во начинот на кој заедницата на рудници за биткоин дејствува кон иднината – ова е можност за континуиран раст, бидејки развиваме подобро разбирање на климатските прифатливи операции, притоа интегрирајќи ги најновите и најиновативни блокчеин технологии.

Фото: Pixabay