LVMH (Moet Hennessy Louis Vuitton) денеска стана првата компанија котирана во Европа со пазарна вредност од над 500 милијарди долари.
Имено, акциите на таа компанија поскапеа за 0,29 отсто на 903,7 евра во 11:41 часот по средноевропско време.
Тоа значи дека пазарната вредност на LVMH во тој момент изнесувала 456,64 милијарди евра или над 502 милијарди долари, пренесува Teletrader.
Групацијата претходно објави овој месец дека приходите за првиот фискален квартал од 2023 година достигнаа 21,04 милијарди евра, откако скокнаа за 17 отсто на годишно ниво, како што рече, „одличен почеток на годината“.