Прва компанија чии вработени ќе работат во метаверзум

105

Accenture, консултантска компанија за ИТ услуги, најави дека ќе вработи 150.000 нови работници кои ќе  користат метаверзум и VR очилата од првиот работен ден.

Компанијата дури создаде виртуелна локација наречена ,,Nth floor”. Овде, вработените ќе се дружат и ќе учествуваат во импресивни искуства за учење. Accenture моментално е во процес на набавка на 60.000 VR очила во неколку земји.
Metaverse Continuum ќе им помогне на клиентите да се запознаат со метаверзумот и да ги подобрат стратегиите, искуствата и операциите во оваа област.

Со цел да помогне во транзицијата на бизнисот користејќи нови технологии, компанијата ја лансираше „Metaverse Continuum Group“ предводена од Пол Дагерти, извршен директор на Групацијата и главен директор за технологија.

Компанијата почна да бара нови начини за соработка и вклучување по две години од пандемијата. Сепак, многу вработени продолжуваат да работат на далечина. Доерти веќе одржа неколку состаноци на „Nth floor-“, пишува Бизлајф.

Во неодамнешниот извештај објавен од компанијата насловен „Запознајте го Метаверс: Континуум на искуство во технологија и трансформација на бизнисот“ се наведува дека меѓу 4.600 технолошки и деловни лидери, 71 отсто веруваат дека метаверзумот ќе има позитивно влијание врз нивната компанија. Дури 42 отсто веруваат дека ќе направи голема трансформација.