Прва Конференција за социјално претприемништво

20

13879384_10154498261379701_2615511516372759146_n

Фондацијата Фридрих Еберт Штифтунг (ФЕС Скопје), МладиИнфо Интернационал, Хаб Скопје и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој Паблик, издавач на уличното списание Лице в лице, денеска ја организираат првата Конференција за социјално иноваторство, во кино Фросина, МКЦ, со почеток во 10 часот.

На првата Конференција за социјално претприемништво, социјални иноватори од Австрија, Германија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија ќе ги раскажат своите инспиративни приказни во Скопје.

Конференцијата е поддржана од Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплеметиран од ЦЕЕД Македонија, како и од компанијата Пакомак.