Прва линија на чанти од Manolo Blahnik

4

luksuz-fashion-moda-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-manolo-blahnik (6)Шпанскиот моден дизајнер Маноло Бланик, кој е познат по своите ексклузивни модели на високи потпетици, ја дизајнираше својата прва линија на женски чанти.

Не е ни чудно што неговите чанти потсетуваат на чевлите, особено во деталите кои се дури и идентични со украсите на високите потпетици.

Како што и самиот дизајнер вели, овие чанти се природна надоградба на некои стилови што можат да се видат на чевлите.

Колекцијата се најде на полиците на почетокот на август, а достапна е за купувачите во лондскиот бутик Manolo Blahnik и луксузната стоковна куќа Harrods во Лондон.

Деталите на чантите се изработени од Swarovski кристали рачно нанижани на сатенска ткаенина, а цените се движат од 2.000 до 3.000 долари.
luksuz-fashion-moda-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-manolo-blahnik (4)luksuz-fashion-moda-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-manolo-blahnik (10)luksuz-fashion-moda-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-manolo-blahnik (8)luksuz-fashion-moda-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-manolo-blahnik (2)