Првата локална конференција Кариерен Експо 2013 ќе се одржи денеска, во Мала Станица, со почеток од 10 часот.
На настанот ќе земат учество 50 успешни компании, институции и организации кои ќе имаат можност директно да се претстават пред амбициозни млади личности од државните и приватните универзитети/факултети, како и од средните училишта.
Експото официјално ќе го отворат амбасадорот на Британска амбасада, Кристофер Ивон, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, поранешен министер и пратеник во Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски, како и видни личности од дипломатски мисии, бизнис фелата и граѓански организации.