Прва пресуда за измама на Kickstarter

25

igra kampanja

Глобалните платформи за групно финансирање, како што се Kickstarter и Indiegogo, помогнаа голем број идеи да се реализираат во целост. Во праксата досега се забележани и злоупотреби и повеќе правни тужби за различни кампањи, но за прв пат Американската сојузна комисија за трговија (FTC), чија задача е заштита на потрошувачите, покрена законска постапка, пишува Вашингтон Пост.

Станува збор за кампања на играта The doom that came to Atlantic City, која започна во 2012 година. Иницијално, за овој проект биле побарани 35.000 долари, а оние кои ќе инвестираат 50 долари им било ветено да добијат копија од играта… По одреден период, кампањата го надмина бараниот износ и собра 122.874 долари од над 1.200 инвеститори.

Но, ништо од тоа што било ветено не е исполнето, со образложение дека се направени големи трошоци. Основачот на проектот, Ерик Чевалиер, излегол со соопштение во кое вели дека има преголеми трошоци и поради тоа кампањата нема да успее, ветувајќи дека на сите инвеститори ќе им ги врати вложените пари.

FTC во донесената пресуда наведува дека на основачот му се забранува во иднина да учествува во било какви кампањи, но ќе има и обврска да ги врати парите што инвеститорите ги одвоиле за поддршка на неговиот проект.