Прва земја по Белорусија објави дека почнала да ѝ плаќа гас на Русија во рубљи

122

Ерменија почна да плаќа руски гас во рубљи, соопшти  министерот за економија Вахан Керобјан.
Според неговата проценка, неопходно е да се оди на национални валути, пренесува весникот Известија.

„Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубљи, но по соодветен курс“, рече ерменскиот министер во интервју за ТВ РБК.

Тој објасни дека цената се врши во долари, но плаќањето е во рубљи.

На 3 април, премиерот на Белорусија, Роман Головченко, објави дека Минск ќе плати во рубљи за испорака на нафта и гас од Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март потпиша указ во кој се наведува дека т.н „Непријателските земји“ го плаќаат рускиот гас во рубљи.