Првата книга од мегапопуларниот роман на Ј.К. Роулинг, Хари Потер и Каменот на мудроста, која беше објавена во 1997 се продаде на аукција во Лондон за неверојатни 227.000 долари.
За фантастичната книга се наддаваа двајца учесници пред конечно истата да биде продадена, по што следуваше громогласен аплауз во Лондонската аукциска куќа Sotheby’s.
Книгата содржи коментари и 22 оригинални илустрации на авторката на серијалот Ј.К Роулинг.
На аукцијата се продаваа книги од 50 познати современи британски писатели, при што беа собрани средства во вредност од 663.000 долари.