Првата подводна населба во Дубаи скоро распродадена

46

luksuz-fancy-dizajn-dubai-floating-seahorse_5Дубаи наскоро ќе стане дом на првата подводна населба во светот. Ова архитектонско чудо ќе се состои од пловечки, делумно подводни домови.

Името на населбата ќе биде Floating Seahorse, а ќе бидат поставени 42 пловечки “морски коњи” од кои 35 се веќе продадени.

Проектот е дизајниран и развиен од страна на водечки архитекти од Европа, во рамки на познатиот проект The Heart of Europe, којшто ги спојува најдобрите елементи на европскиот дизајн, наследството и забавата.

Секој “пловечки коњ” ќе има три нивоа, еден под вода, еден на морското ниво и една горна палуба.

Компанијата што стои зад проектот вели дека спалната соба и бањата ќе бидат целосно под вода што на домаќините ќе им овозможи да уживаат во прекрасниот поглед на коралните гребени и морскиот живот.

Дневната соба ќе има прозорци од под до таван, поглед на море, кујна со модерни елементи и трпезарија, додека најгорното ниво ќе биде вистински простор за сончање.

Во план е да се креира и вештачки корален гребен чија што цел ќе биде да ги заштити загрозените морски коњчиња.

42 Dubai’s ‘Floating Seahorse’ Almost All Sold Out42 Dubai’s ‘Floating Seahorse’ Almost All Sold Out42 Dubai’s ‘Floating Seahorse’ Almost All Sold Outluksuz-fancy-dizajn-dubai-floating-seahorse_642 Dubai’s ‘Floating Seahorse’ Almost All Sold Out