Првата СМС порака продадена за 107.000 евра

77

Првата СМС порака е продадена вчера на аукција во Париз за 107.000 евра.

СМС пораката испратена на 3 декември 1992 година беше понудена на аукција од страна на британската телекомуникациска компанија Vodafon како таканаречен NFT (незаменлив токен).

Во пораката се честита Божиќ.

Пораката ја испратил инженерот на Vodafon Нил Пепворт од компјутер до менаџер во Велика Британија кој ја примил на неговиот телефон Orbitel тежок два килограми.

Купувачот купил реплика на оригиналниот протокол за комуникација.

Приходите од продажбата ќе бидат наменети за агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР.