Првиот билјард направен од карбонски влакна

66

Elysium-1Шпанската компанијата Iconic Xtrem Objects создаде маса за билјард со футуристички изглед изработена од карбонски влакна, пишува Mycoolbin. Ова е воедно и првиот билјард во светот којшто е направен од овој лесен и и издржлив материјал.

Освен карбонските влакна, Elysium во себе содржи и светлечки сензори, коишто се палат со движењето на топчињата, систем на допир што помага за подесување на командите на масата и нечујни дупки, коишто не емитуваат звук кога ќе внесете топче во нив.

Масата за билјард се состои од околу 900 парчиња споени заедно со цел да создадат еден елегантен дизајн, а за нејзината изработка биле потребни три месеци.

Elysium ќе биде достапна во истите бои како стандардниот луксузен автомобил Bugatti Veyron. Цената на билјардот сè уште не е позната, но се очекува да биде прилично висока, а она што е познато е дека компанијата ќе пушти во продажба само 50 примероци.

Elysium-Worlds-First-Carbon-Fiber-Pool-Table_2Elysium-Worlds-First-Carbon-Fiber-Pool-Table_4Elysium-Worlds-First-Carbon-Fiber-Pool-Table_3