
Адријан Халмарк поднесе оставка од функцијата извршен директор на британскиот производител на луксузни автомобили Бентли, а од 1 октомври ќе го преземе раководството на конкурентот на Бентли, Астон Мартин.
61-годишниот Британец ќе биде четвртиот извршен директор на Aston Martin во последните четири години, пренесува француската новинска агенција AFP.
Астон Мартин до октомври ќе продолжи да го води Италијанецот Амедео Фелиса, кој го води британскиот производител на луксузни автомобили од 2022 година.Фелиса, кој претходно го предводеше италијанскиот производител на автомобили Ферари, изрази гордост за постигнатото во изминатите две години.
„Мислам дека сега е вистинското време да ѝ се дозволи на компанијата да премине кон ново управување“, рече тој.
Извршниот директор на Астон Мартин Лоренс Строл го нарече Халмарк „лидер од највисок калибар“ во целата автомобилска индустрија.
Во меѓувреме, Бентли објави дека Халмарк поднел оставка од функцијата извршен директор и претседател со заедничка согласност и дека потрагата по неговиот наследник веќе е започната.











