Првиот човек на ЕЦБ изненади со изјава за каматните стапки

26

Инфлацијата во еврозоната и натаму е над целното ниво на Европската централна банка (ЕЦБ). Затоа Роберт Холцман, член на извршниот одбор на ЕЦБ и гувернер на австриската централна банка, смета дека очекувањата за монетарно олеснување оваа година се предвремени.
Иако, според последните податоци, европската економија веќе покажува знаци на забавување, за што клучен придонесуваат високите каматни стапки, геополитичките ризици може да го зголемат притисокот врз цените на стоките за широка потрошувачка. Меѓу ризиците се особено нападите на Хутите, бунтовничка група од Јемен, на трговски бродови во Црвеното Море, што ги загрозува синџирите на снабдување.

„Геополитичките закани се зголемија, бидејќи она што досега го видовме со Хутите, според мене, не е крај. Тоа може да биде увертира за нешто пошироко, што ќе влијае на Суецкиот канал и ќе ги зголеми цените таму“, рече Холцман на Светскиот економски форум во Давос, пренесе Блумберг. „Не треба да сметаме на намалување на каматните стапки во 2024 година.

Гувернерот на германската централна банка (Бундесбанк) Јоаким Нагел зазеде слична позиција како Холцман. Тој во интервју за ТВ Блумберг рече дека не сака да шпекулира барем до лето и дека е рано да се зборува за намалување на каматите.

Фразата дека е „многу рано“ да се зборува за намалување на каматните стапки претходно ја користеа претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард и главниот економист на банката Филип Лејн.

И Холцман и Нагел се сметаат за поборници на построга монетарна политика, односно повисоки каматни стапки. Лејн се навалува на спротивната страна, заговарајќи полабава политика. Лагард се смета за неутрална.

ЕЦБ предвидува дека инфлацијата ќе падне на ниво од два отсто дури во 2025 година.