Првиот човек на VW: “Не драматизирајте, електрификацијата нема да ги загрози работните места“

135

Додека многу автомобилски компании се во забрзан процес на електрификација на возилата, првиот човек на Volkswagen, Херберт Дис, упати порака до политичарите и претставниците на синдикатите.

Имено, претставници на владите на различни европски земји веќе некое време го наведуваат стравот од губење работни места во автомобилската индустрија како една од големите пречки за понатамошна електрификација на оваа гранка на економијата. Тоа е ставот на синдикалните лидери, кои го нагласуваат стравот за работниците во фабриките и нивните работни места.

Меѓутоа, во интервју за германската агенција ДПА, Дис ги отфрла овие наводи и ја води приказната во спротивна насока.Електрификацијата носи нови можности за автомобилската индустрија. И за десет години, ние ќе произведуваме автомобили, а процесот нема да биде многу поинаков“, вели Дис.

Тој додава дека многу луѓе ќе продолжат да ги работат истите работи.Сигурно е дека автоматизацијата ќе се случи некаде, но работите нема да се променат драстично. Ако сакаме да направиме голем број возила, ќе ни треба значителен број вработени“, вели првиот човек на оваа германска група.

Покрај тоа, Дис истакна дека автомобилската индустрија се развива во нови насоки. “Софтверот е ново поле за работа за нас. Таму ќе се вработат голем број луѓе, бидејќи во наредните години ќе играат сè поважна улога во целата компанија“,тврди Херберт Дис.

Тој исто така вели дека работниците не треба да се плашат од губење на работата. “Во едно поле бројот на работници се намалува, но во другото се зголемува. Седиштата остануваат седишта, тркалата се тркала, сопирачките се ист“, вели Дис.

Херберт Дис предупреди за ривалите што доаѓаат од исток.Сега главното прашање е дали ќе останеме конкурентни со компаниите што доаѓаат од Азија“, заклучи првиот човек на германската компанија.

Фото: Facebook