Првиот електричен автомобил го направил Никола Тесла

150

Најстариот автомобил на електричен погон го направил српскиот научник Никола Тесла со помош на неговиот роднина Сава, кој во Америка дошол да прави автомобили со бензински мотори. Приказната не завршила со сериско производство, бидејќи Тесла не би баш заинтересиран за автомобили, но неговиот изум во 1931-ва година достигнал брзина достигнал 145 километри на час, иако Тесла сакал да постигне 192 километри на час, пишува РТС.

Далечната 30-та година од минатиот век, Никола Тесла го замолил својот роднина Петар Сава да дојде од Европа во Њујорк. Тие во хотелската соба на генијалецот го направиле уредот, што бил составен од 12 посебни вакуумски цевки поставени во кутија.

“Тесла од секогаш бил таинствен, никогаш до крај не ги објаснувал своите принципи на работа, но неговиот автомобил требало да се напојува од ветер и неговата енергија да биде постојана и бесплатна, што во капитализмот немаше смисла“, вели американскиот историчар, Џон Смит.

Неговата генијалност го промени целиот свет, а воопшто и не чуди што американскиот претприемач и милијардер, Илон Маск, својата компанија ја нарекол токму Tesla во чест на Никола Тесла.

Фото: Pixabay