Првиот ETF кој комбинира биткоин и етериум лансиран е во Канада

44

Инвеститорите кои сакаат да купат ETF(exchange traded fund) за криптовалути, не мора да избираат помеѓу биткоин (BTC) или етериум (ETH) и неговите токени наречени етер, бидејќи новиот фонд кој ги има и двете криптовалути денес започна со тргување.

Новиот ETF наречен Evolve ETF се тргува под ознаката ETC на TSX и е првиот канадски ETF со повеќе валути.

Фондот ќе тргува со двете најголеми криптовалути во светот со сооднос 67 проценти биткоин и 33 проценти етериум.

Биткоин и етериум сочинуваат околу 65 проценти од пазарот на криптовалути.

“Биткоинот се етаблираше како складиште со вредност и често се нарекува дигитално злато“, рече Рај Лала, претседател и извршен директор на Evolve ETF.

“Етерот често се нарекува дигитална нафта и стана основен градежен елемент за дигитално финансирање, вклучително и NFT и други DeFi апликации.

Комбинирањето на овие две криптовалути може да помогне во диверзификацијата. Иако често се движат во слични насоки, вредностите варираа. Evolve вели дека во 2020 година, етерот го надмина биткоинот за над 150 проценти. Но, етерот беше во негатива во 2019 година, додека биткоинот порасна за 90 проценти таа година.