Неотворен модел на првата генерација на iPhone на Apple е продаден на RR Auction во САД за дури 35.414 долари. Станува збор за моделот A1203, кој доаѓа со 8 GB внатрешна меморија.
Инаку, Apple ја лансираше првата генерација на iPhone во 2007 година со почетна цена од 499 долари и благодарение на бројните новитети, тој означи голема пресвртница во историјата на телефоните и стана еден вид трендсетер.
SOLD! Apple iPhone (First Generation, Sealed)
This new-in-box example of the original #iPhone sold for $35,414 @RRAuction . https://t.co/3sCllEkAvo#Apple #Stevejobs #history#Consign #RemarkableResults pic.twitter.com/bPSP6EdOJk— RR Auction (@RRAuction) August 19, 2022
И покрај ова, сепак се работи за мобилен телефон стар 15 години, кој може да се најде на разни онлајн огласи веќе по цена од околу 100 долари. Сепак, она што некого го натера да издвои над 35.000 долари за првиот iPhone беше токму неговата состојба.
Според фотографијата на iPhone објавена од аукциската куќа RR Auctions, пакувањето е целосно недопрено, вклучувајќи ја дури и надворешната пластична обвивка. Можеби тоа не му значи ништо на просечниот корисник и тој би заменил таков „фосил“ за новиот iPhone 13 Pro Max додека да трепнете, но за колекционерите очигледно е друга приказна.