Првиот производител на пиво предлага спојување со својот најголем конкурент

57

piva

Најголемиот светски производител на пиво, Anheuser – Busch InBev, предложи преземање на неговиот најголем конкурент SABMiller, по што би се формирал гигант којшто ќе доминира во производство на пиво на глобалниот пазар, пишува Wall Street Journal.

SABMiller, втор најголем светски производител на пиво, потврди дека менаџментот на Anheuser – Busch InBev предложила преземање, но не дала конкретна понуда. Се проценува дека спојувањето на овие две компании ќе значи формирање на гигант вреден 275 милијарди долари.

SABMiller стои за пивските брендови, како што Peroni, Grolsch и Pilsner Urqwuell, додека во портфолиото на Anheuser – Busch InBev се Budweiser, Stella Artois и Corona.