Првиот српски паметен телефон Тесла 6 наскоро во продажба

16

mob

На конференцијата за Интернет економија Нова енергија, на Копаоник, Србија, компанијата Comtrade го претстави првиот српски паметен телефон Тесла 6 кој ќе се најде во продажба за околу 20 дена, пишува Танјуг.

Овој смартфон со оперативен систем Андроид има четиријадрен процесор, 2 GB меморија, 16 GB простор за складирање податоци и камера од 13 мегапиксели. Екранот е пет инчен, HD резолуција, со предна камера од 2 MP. Телефонот ќе чини до 250 евра.

Конференцијата Нова енергија се одржа од 29 април до 3 мај.