Првиот турски автомобил претставен на саемот во Лас Вегас (ФОТО)

384

Првиот турски автомобил TOGG беше изложен на најголемиот светски саем за потрошувачка електроника „CES 2022“ во Лас Вегас во САД (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од администрацијата на ТOGG се вели дека концептот на првиот турски  автомобиле покренат за да се создаде глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост е 100 отсто во сопственост на Турција и кој го формира јадрото на турскиот екосистем за мобилност.

Се додава дека ТOGG како дел од својата визија го претставил глобалниот бренд на саемот „CES 2022“,  кое еважно место за средба на технолошкиот свет.

Извршниот директор на TОGG, Гурџан Каракас, изјави дека тие не се компанија за класични автомобили.

 

„Ние се дефинираме како технолошка компанија. Затоа сме на CES, точката на средба на најновите иновации и новини во технологијата. Ние сме технолошка компанија која делува на полето на мобилноста и која е формирана на територијата кадешто се среќаваат Исток и Запад, умот и емоциите. Поставувајќи ги во нашиот центар корисникот и податоците во новиот свет во кој автомобилската индустрија брзо се претвора во екосистем за мобилност, ние произведуваме решенија“, рече Каракас.

Саемот за потрошувачка електроника „CES 2022“ се одржува од 5 до 7 јануари во Лас Вегас.