Првиот турски национален автомобилски бренд ќе биде електричен автомобил

54

turcija

Турција се обидува да го создаде првиот национален автомобилски бренд, а планот е тоа да биде електричен автомобил, изјави министерот за наука, индустрија и технологија, Фикри Ишик, пишува весникот Хуријет.

“Турција го пропушти возот за технологијата на класичен мотор со внатрешно согорување. Не гледаме шанса за одржлива конкуренција таму. Но, електричните автомобили отвораат нов прозорец на можности. Се обидуваме да создадеме национален автомобилски бренд и наскоро ќе преземеме конкретни чекори во таа насока. Турција ќе има автомобилски бренд, но тој нема да користи технологија на внатрешно согорување, туку ќе биде електричен автомобил”, вели Ишик.

Проектот Турција да создаде национална автомобилска марка за првпат беше објавен во 2011 година и се претпоставува дека неколку локални и меѓународни компании се заинтересирани за него.