Првите модни додатоци за коса од Swarovski

57

Ye-Mingzi-Flower-of-Life-Jewelry-Collection-600x400 (1)Од 2007 па наваму, два пати во годината Aтеље Swarovski соработува со нови и со веќе познати дизајнери креирајќи еднократна колекција на накит, во чест на модната недела.

Овој пат Swarovski се одлучи да креира колекција на додатоци за коса во соработка со кинеската дизајнерка Је Мингзи.

atelier-swarovs-1a217102810-original

Колекцијата се состои од три ексклузивни парчиња, две шноли за коса (златна и кристална верзија) и тијара декорирана со бисери и кристали.

Ye-Mingzi-600x400

Како и останатите парчиња од колекцијта на Мингзи, која се состои од ланчиња, прстени и бразлетни, овие додатоци за коса се одликуваат со древен геометриски мотив.

Шнолите се продаваат по цена од 80 (кристалната) и 96 евра (златната верзија), додека тијарата чини 280 евра.