
Тест моделите на електричниот Citroen C3 излегоа од производните линии во фабриката за автомобили во Крагуевац и се тестираат на улиците на градот и околните градови, дознава РТС. Производството на новиот модел наскоро треба да започне во Крагуевац, каде веќе се произведува електричната Fiat Grande Panda.
Цитроен се произведуваше во поранешна Југославија во 1970-тите. Пет и пол децении подоцна, француската марка доаѓа во Србија и Крагуевац, каде ќе се произведува електричниот „Citroen C3“.
Станува збор за градски автомобил долг четири метри со багажник од 310 литри. Може да помине околу 320 километри со едно полнење. Ќе чини околу 26.500 евра, но купувачите во Србија ќе можат да сметаат и на државна помош во висина од 5.000 евра.
Засега, фабриката за автомобили во Крагуевац, покрај електричната „Панда“, произведува и делови од каросеријата за „Ц3“ и ги испраќа во фабриката Стелантис во Словачка, каде што моделот се произведува масовно. Синдикатот на фабриката со нетрпение го очекува токму таквото сценарио за „српски Детроит“.
Претседателот на независниот синдикат FCA Србија, Иван Ристиќ, тврди дека оваа вест ги импресионира, бидејќи докажува, како што истакнува, дека се способни да произведат повеќе модели, покрај основната „фиат гранде панда“.