Прво Годишно собрание на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – Браво сине 

62

FOTO 1_Bravo sine

Сите млади креативци кои сакаат да работат на конкретни проекти и во следната година ќе добијат поддршка од Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – Браво сине! На првото Годишно собрание членовите и поддржувачите на креативноста едногласно одлучија и годинава да продолжат активностите и поврзувањето на креативните идеи со македонскиот бизнис сектор.

И годинава наградата за најдоброто дизајнерско решение ќе биде во износ од 200.000 денари, а конкретниот проект ќе биде избран од пристигнатите предлози што ги доставуваат членовите на Движењето.

Основа идеја на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – Браво сине е да им даде можност на младите креативци од Република Македонија да работат на создавање нови автентични производи или нови изглед на веќе присутни производи на пазарот. На тој начин, нивниот креативен израз ќе добие конкретна примена, а производите ќе добијат нова додадена вредност и поголема конкурентност и позиција на домашниот и странските пазари.

FOTO 2_Bravo sine

На Годишното собрание на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – Браво сине беа заокружени и активностите од првиот проект што се реализираше минатата година – проектот за брендирање на македонско слатко. Седумте видови слатко од вишна, малина, зелена смоква, јагода, портокал, дива капина и аронија на компанијата Јоми фуд од Велес која беше избрана на јавен конкурс, добија нов автентичен изглед и специјално пакување.

“За еден производ да биде добро прифатен на пазарот најважен е квалитетот, но за да биде добро позициониран и прифатен од потрошувачите еднаква важност има и неговиот изглед. Токму затоа, оваа можност да добиеме нов модерен изглед за слатката што ги произведува нашата компанија е од огромно значење за наше подобро позиционирање на домашниот и странските пазари. Резултатите се веќе видливи“, истакна Зоран Аврамов, сопственик на Јоми фуд.

Стручната комисија составена од претставници на движењето и Skopje design week (SDW), го оценија дизајнерското решение на младите дизајнери Далибор Смилески и Мартин Стојмировски беше избрано за најдобро од пристигнатите решенија на јавниот конкурс.

FOTO 3_Bravo sine

“Можноста да се работи на дизајн што ќе биде конкретно применет беше голем предизвик за мене и навистина сум горд што нашиот дизајн денес може да се види на полиците во маркетите“, изјави Мартин Стојмировски, еден од авторите на победничкото решение.

“Предизвикот да учествуваме на овој конкурс го прифативме многу искрено и работевме посветено. Оваа награда беше голем поттик за нашиот натамошен професионален развој, особено што ни овозможи да инвестираме во дополнителна едукација“, додаде коавторот Далибор Смилески.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион, дадоа поддршка на Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ во насока на исполнување на овие цели.