Кинескиот футуристички автобус, којшто се движи над возилата на патиштата, го направи првото пробно возење, пишува BBC.
Автобусот се движи два метри над коловозот, овозможувајќи им на автомобилите да се движат непречено. Transit elevated bus (TEB) се движи на погон на електрична енергија и во моментот може да превезува до 300 патници.
ТЕВ е долг 21 метар и широк околу осум метри, а се очекува да достигне брзина и до 60 километри на час. Еден ваков автобус заменува 40 стандардни автобуси.
Автобусот беше претставен на саемот за технологија во Пекинг, а за неговиот дизајн се погрижи Shenzhen huashi future parking equipment.