Првото тримесечје за Пекабеско заврши со добивка од 22,3 милиони денари

23

pekabesko

Компанијата Пекабеско, од први јануари до 31-ви март, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 22.323.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од 2016 година, компанијата оствари добивка од 19.416.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во текот на првите три месеци од 2017 година, имаа вредност од 927.899.000 денари. На домашен пазар се реализирани 846.752.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 81.147.000 денари.

Основна дејност на компанијата е производство на сувомеснати производи и дистрибуција на храна и цигари.