Првпат од основањето – две жени во финална трка за лидер на СТО

52

Поранешната нигериска министерка за финансии Нгози Оконџо-Ивеала и јужнокорејска министерка за трговија Јо Мјунг-хи влегоа во финалниот круг за избор на генерален директор на Светската трговска организација (СТО).

Намалувањето на бројот на кандидати од пет на два, значи дека ако официјално биде потврдено со светската трговска организација ќе работи жена, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори.

Оконџо-Ивеала е специјален пратеник за мобилизирање на меѓународна економска поддршка за борба против Ковид -19 на африканскиот континент. Таа економист по професија и експерт за меѓународен развој. Јо Мјунг-хи е министерка за трговија на Јужна Кореја и е првата жена назначена на таа позиција. Во изминатите 25 години работела во разни владини агенции.

Светската трговска организација бара нов генерален директор кој ќе го замени Бразилецот Роберто Азеведо, кој се повлече од оваа позиција на крајот на август, една година порано од планираното.

Трговското тело кое постои 25 години никогаш не било предводено од жена.

Фото: Facebook