Првпат од почетокот на пандемијата: Turkish Airlines ја надмина бројката од 1.000 летови дневно

57

Компанијата Turkish Airlines го надмина просекот од 1.000 авионски летови дневно, што е рекордно ниво на работење од почетокот на пандемијата на Ковид-19 и показател на успешното работење на оваа компанија во периодот на нормализација на состојбата, јавува агенцијата Анадолија.

Во петокот Turkish Airlines реализираше 1.065 летови низ светот, што е за 23,4% повеќе од 15-месечниот дневен рекорд што таа компанија го оствари од четврти јуни.

“Ги презедовме потребните мерки, насочени код иднината, а сега напредуваме со подобри резултати на секој чекор“, наведе во соопштението, извршниот директор на Turkish Airlines, Илкер Ајчи.

Тој најави дека таа компанија ќе продолжи да ги зголемува бројките на дневните летови и патници.

Потсетувајќи на тоа колку пандемијата минатата година силно го погодила воздухопловниот сектор и довела до запирање на летовите, од Turkish Airlines наведоа дека патничката побарувачка почнала да расте благодарејќи на дистрибуцијата на антиковид-вакцините, ублажувањето на ограничувањата за патување и почетокот на летната сезона.

Посебно е зголемена побарувачката на летови кон Турција.

Фото: Pixabay