Првпат по 13 години, платите се намалуваат, а цените растат во Германија

40

Корона кризата има негативни последици врз приходите на германските граѓани. За првпат од почетокот на спроведување на истражувањето во 2007 година, номиналните плати се намалија минатата година, соопшти Заводот за статистика на Висбаден.

Вклучувајќи ги и вонредните исплати, бруто платите беа во просек 0,6% пониски отколку пред една година.

Во исто време, потрошувачките цени пораснаа за 0,5%, така што на вработените во џебовите им остана околу еден процент помалку приход отколку во 2019 година.

Фото: Pixabay