Фото: Facebook
Француската групација PSA Group, во чија сопственост се автомобилските брендови Peugeot и Citroen, постигна договор за преземање на брендовите Opel и Vauxhall на американската компанија General Motors за 1,3 милијарди евра.
PSA заедно со француската банка BNP Paribas го презема финансиското работење на General Motors за 900 милиони евра, со што вкупната вредност на договорот е 2,2 милијарди евра.
Оваа голема аквизиција ќе овозможи PSA да биде вториот најголем производител на автомобили во Европа со пазарен удел од 17%.
PSA во последните неколку години има тесна соработка со Opel и Vauxahall за развој и производство на mini – van и SUV cross over модели на автомобили.