Психолошки трикови што треба да ги знаете

29

um

Фото: Pexels

Овие неколку едноставни и лесни за паметење трикови ќе ви помогнат да оставите одличен впечаток, да ја ублажите напнатоста кај соговорниците или да се истакнете на разговорот за работа.

  • Кога ќе поставите прашање, а добиете нецелосен одговор, продолжете да гледате во соговорникот. Личноста ќе претпостави дека одговорот не бил доволно добар и ќе продолжи да зборува.
  • Емоционалниот израз на лицето е еден од начините да поттикнете емоции. Ако сакате да бидете весели, насмејте се.
  • Не зборувајте или пишувајте “мислам“ или “верувам“, на тој начин оставате впечаток дека ви недостасува самодоверба.
  • Пред да појдете на интервју за работа, замислете дека лицето што ве интервјуира ви е долгогодишен пријател. Вие сте одговорни за тоа како ја доживувате ситуацијата во која се наоѓате.
  • Ако некој е вознемирен, а вие останете смирени, личноста најверојатно повеќе ќе се налути, но подоцна ќе ѝ биде непријатно поради начинот на однесување кон вас.
  • Голема е веројатноста дека некој ќе направи помала услуга за вас, ако претходно одбил да направи една или две поголеми услуги.
  • Симптомите на стресот се исти со симптомите на возбуда (тешко дишење, забрзано отчукување на срцето). Ако потенцијално непријатната ситуација ја доживеете како предизвик, вашиот стрес се претвора во возбуда.
  • Ако работите со клиенти/корисници, зад вас поставете огледало. Луѓето ќе бидат пољубезни кон вас бидејќи никој не сака да си го гледа своето намуртено лице.
  • Кога на состанокот очекувате некоја личност да ве нападне, седнете покрај неа. Луѓето се помалку сигурни во својата одлука да нападнат ако личноста седи покрај нив. Во најлош случај, нивната лутина ќе биде сведена на минимум.
  • Кога група на луѓе се смее, секогаш погледнувате инстинктивно кон личноста која ја сметате за најблиска или сакате да се зближите.