Public chats за следење на познати личности и компании преку Viber

101

viber

Популарната апликација за испраќање пораки и повици преку интернет врска – Viber, подготвува нова опција, која моментално се наоѓа во фаза на развој.

Станува збор за опцијата Public Chats, што овозможува јавна комуникација и разговор меѓу познатите личности и компании со заинтересираните лица.

Главниот извршен директор на Viber, Талмон Марко, оваа опција ја нарекол своевиден социјален експеримент.

Корисниците ќе можат да видат за што зборуваат познатите лица, но нема да можат да даваат свој коментар, освен ако таа личност ја имаат во листата на контакти. Сите коментари преку Public Chats се јавни, а секоја дискусија ќе има сопствен URL.

Viber за почеток обедини неколку партнери како што е блогерот Перес Хилтон, ѕвездата од Youtube Тајлер Оклеј и диџејот Пол Ван Дајк, кои ќе помогнат во промоција на новата услуга.

Корисниците кои сметаат дека се доволно интересни можат сами да се пријават за оваа услуга, со што конкурираат за едно 300-те слободни места во рамки на оваа апликација.

Public chats е опција што ќе биде видлива за корисниците во новата 5.1 верзија на Viber за iOS и Android.