Publicis и Omnicom се откажаа од спојување во најголема маркетинг компанија

61

publicis-omnicom

Француски Publicis и американски Omnicom се откажаа од нивното спојување, што ќе резултираше со формирање на најголемата маркетинг и компанија за односи со јавност, во вредност од 35 милијарди долари.

Причина за отповикување на спојувањето е тоа што двете компании се соочиле со големи предизвици за тој чекор.

Одлуката за спојување, што беше донесена во јули минатата година, имала за цел зајакнување на позицијата на двете агенции во дигиталната ера.

“Не решивме многу сложени прашања. Во двете компании постои силна корпоративна култура што го отежнува процесот на реализирање на спогодбата“, рече Џон Врен, извршен директор на Omnicom.

Компаниите не успеаја да постигнат договор околу главниот финансиски директор кој би бил надлежен за спроведување на спојувањето, бидејќи станува збор за клучна позиција, финансискиот директор би требало да одреди како ќе работи заедничката компанија.

И Publicis и Omnicom, со откажувањето, ја пропуштија шансата да бидат на доминантна позиција на светскиот лидер во тој бизнис – WPP.