Publicis One го објави своето глобално и регионално лидерство

38

publicis logo

Publicis One денеска го објави своето глобално и регионално лидерство, номинирано од страна на главниот извршен директор, Јарек Зебински (Jarek Ziebinski).

Publicis One е глобална комуникациска компанија којашто под еден кров ги обединува сите брендови на Публицис Групацијата, како и сите можности и експертизи од 50 земји низ светот. Со повеќе од 7.500 вработени, Publicis One е присутен со свои активности во Латинска Америка, Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија.

“На почетокот на оваа година започна многу значајна трансформација на Публицис Групацијата, којашто вклучуваше и креирање на Publicis One, нова глобална комуникациска компанија. Кога го започнавме ова патување, нашата прва мисија беше да се создаде силен тим на лидери. Новиот тим на Publicis One се состои од искусни лидери кои го претставуваат најдоброто од Публицис Групацијата, талентирани професионалци со големо искуство од различни средини, со претприемачки начин на размислување и посветеност кон брендовите во своето работење”, изјави Зебински.

Monica Gadsby е назначена за регионален главен извршен директор во Латинска Америка, а Joseph Piazza е именуван за регионален главен финансиски директор. Nicolas Menat е назначен за регионален главен извршен директор во Азија, а Ricardo Roces за регионален главен финансиски директор.

За да се обезбеди соодветно внимание на сите пазари, особено во рамките на сложениот регион на ЕМЕА (Источна Европа, Среден исток и Африка), којшто опфаќа 25 земји, назначен е Johan Parmentier за регионален главен извршен директор за Бенелукс земјите, додека Misa Lukic доби задача да го води регионот на Централна и Источна Европа како регионален главен извршен директор. Kevin Tromp е назначен за главен извршен директор за Африка. Parmentier, Lukic и Tromp во своето работење ќе бидат поддржани од страна на David Clark, кој е назначен за регионален главен финансиски директор за ЕМЕА.

На глобално менаџмент ниво, Alice McCreath е именуван за главен финансиски директор, Maree Prendergast за главен директор за развој на таленти, додека Karen Lim за директор за комуникации.

Сите ново назначени глобални и регионални лидери на Publicis One веќе се на своите нови работни позиции и се целосно оперативни на своите пазари.

“Publicis One претставува целосно нов пристап којшто ќе испорачува комплетни решенија на пазарот. Убеден сум дека под лидерство на Јарек Зебински, Publicis One ќе го испорачува најдоброто за своите клиенти, дека ќе ги привлекува најталентираните поединци и ќе нуди најдобри професионални можности, за да биде најдобрата агенција на секој пазар. Имам голема доверба во тимот избран од Јарек”, изјави Maurice Lévy, Претседател & CEO на Публицис Групацијата.