Пуштен во работа најголемиот парк на ветерници во Хрватска

22

Vjetropark

Крај Шибеник вчера беше пуштен во работа паркот ветерници Данило на РП Глобал Холдинг, најголемиот од ваков тип во Хрватска. Паркот се состои од 19 турбински генератори со вкупна инсталирана моќност од 43,7 мегавати, кои треба да произведуваат околу 100 гигават часови електрична енергија годишно. Според пресметкиете на инвеститорот, погоните на овој парк треба да го зголемат производството на енергија добиена од ветер во Хрватска за 20%.

Станува збор за проект вреден 70 милиони евра. Во финансирање на проектот учествуваа Меѓународна финансиска корпорација (IFC), Уникредит од Виена и Загрепска банка.

Инвеститорот во паркот на ветерници Данило, ПР Глобал, е независен произведувач на енергија со седиште во Виена, а активен е во Франција, Полска, Португалија, Чиле, Перу и Грузија.

Без паркот Данило, во Хрватска работат 11 ветроелектрани со вкупна инсталирана моќност од 237 MW. Во функција се 129 агрегати, кои годишно испорачуваат околу 710 GWh електрична енергија. Пред Данило, најголема беше ветроелектраната Вратаруша во близина на Сењ, со инсталирана моќност од 42 MW и 14 агрегати.