Пуштена во оптек новата монета од две евра – како изгледа?

233

По повод 20-годишнината од еврото и почетокот на француското претседателство со Советот на Европската унија, пуштена е во оптек нова монета од две евра, објавија француските власти на страницата посветена на претседавање со Унијата.

Монетата ја красат даб и маслиново дрво, што претставуваат сила, мудрост и природа, се вели во соопштението и се додава дека двете стебла се врамени со шестоаголник, симбол на Франција и опкружени со 12 ѕвезди од европското знаме.

„Оваа година се одбележува 20-годишнината од еврото. Французите, како и Европејците, се многу приврзани кон него, повеќе од кога било. Европејците ја поддржуваат единствената валута, ја прават елемент на стабилност, заштита и привлечност на нашите економии кои не штитеа за време на кризата”, изјави неодамна францускиот државен секретар за европски прашања Клемент Бон.

Околу 30 милиони нови монети од две евра беа пуштени во оптек на 1 јануари, датумот кога Франција го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ, се додава во соопштението.