Пустински рај од 10 милиони долари

3

luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed (30)

Комплексот Rancho Mirage е сместен во пустински предел во Калифорнија, а местото е познато по луксузни домови и удобности во коишто можат да уживаат само оние со подлабок џеб, пишува The Dessert Sun.

Еден од екстравагантните имоти и е оваа палата што моментално е на продажба по цена од 9,9 милиони долари. Со своите многубројни палми, фонтани, базени, приватно езеро, места за забави со скара и бар, места за романтичен помин како и доволно простор за разни спортски активности, овој дом е вистински рај.

Внатрешноста е подеднакво убава и луксузна како и надворешноста- главната куќа вклучува огромни прозорци од под до таван, камини, пет спални соби и пет бањи. Освен тоа има и голем аквариум со солена вода, лифт, винска соба и домашно кино.

Самата кујна има посебно место за појадок и дополнителна кујнска услуга. Мастер спалната вклучува сауна и када, а имотот располага и со гаража за седум автомобили терен за тенис и мал безбол терен. Гостинската куќа пак има две спални соби, две бањи и своја кујна.

Претходно домот, којшто е изграден во 2007 година, припаѓал на познат безбол играч од САД.

luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed (10)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed (13)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed (11)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed (15)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed (18)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed (28)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed (8)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed (33)luksuz-vila-arhitektura-dizajn-imanje-posed-99