Путин: Европската автомобилска индустрија е во криза, наскоро сите ќе возиме кинески автомобили

Европската автомобилска индустрија е во длабока криза и нејзините компании се затвораат, додека луѓето во Европа наскоро претежно ќе возат кинески автомобили, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин.

„Автомобилската индустрија во Европа, па каде е? Во длабока криза. Компаниите се затвораат. Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили. Не знам дали тоа е добро или лошо, но тие се евтини и со висок квалитет“, рече Путин на пленарната сесија на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдаи“ во Москва, пренесува Комерсант.

Путин изјави дека кинеските автомобили веќе се широко користени во Русија и оцени дека соработката меѓу двете земји е взаемна.