Путин го критикува Западот: „Економско самоубиство“

57

Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече западната енергетска политика економско самоубиство.

Со отфрлањето на рускиот гас и нафта, Европа систематски, на долг рок, станува регион со највисоки цени на енергијата во светот, рече претседателот на Русија.

„Ова, на најсериозен начин, според некои експерти, може неповратно да ја поткопа конкурентноста на значителен дел од европската индустрија, која веќе заостанува зад компаниите од другите региони во светот“, рече Путин, пренесува Новости.