Путин му предложи на Ердоган изградба на гасен центар во Турција

95

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција е најсигурната рута за испорака на гас во Европската унија и предложи изградба на гасен центар во таа земја.

„За време на работата на центарот, кој би можеле да го изградиме заедно, тој, се разбира, би бил платформа не само за тргување со гас, туку и за одредување на цената, што е многу важно прашање – прашањето за цената“, рече Путин.

Путин и Ердоган не разговарале за конфликтот во Украина

Претседателите на Русија и Турција не разговарале за решавање на конфликтот во Украина на денешната билатерална средба во Астана, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Немаше дискусија за руско-украинското решение“, изјави Песков за РИА Новости.