Путин: Печатат долари, а тоа влијае врз целата глобална економија

102

Печатењето повеќе долари за да се покрие на буџетскиот дефицит на САД влијае врз целокупната светска економија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, инфлацијата во САД надминала 5% и две години по ред, имаат буџет со дефицит од 15%.

“Значи, тие го покриваат овој дефицит на сметка на што? На сметка на емисијата на доларите. Оттука потекнува инфлацијата“, кажа Путин отворајќи го состанокот за економски прашања, на кој учествуваат највисоките руски финансиски, економски и монетарни функционери.

Додаде дека тоа влијае целосно на комплетната светска економија, имајќи го предвид значењето на американската економија за целиот свет и улогата на доларот како најголема, најбарана резервна валута.

Путин ги повика учесниците на состанокот да се фокусираат на начинот на кој руската економија ќе ги надмине последиците на пандемијата на коронавирусот.

“Гледаме дека глобалното економско заздравување продолжува генерално по прилично високи стапки, но овој процес е врзан и за ризиците од инфлацијата“, кажа рускиот претседател.

Фото: Pixabay