Путин поддржува криптовалути

71

Рускиот претседател Владимир Путин посочи дека ќе толерира крипто -валути, кои се под интензивен надзор од страна на законодавците ширум светот од страв дека тие би можеле да се користат како покритие за перење пари и криминални активности. Криптовалутите треба да постојат и да се користат како средства за плаќање, рече Путин. Сепак, рускиот претседател напомена дека сè уште е рано да се зборува за употреба на дигитални валути за трговија со нафта и други стоки, кои го сочинуваат поголемиот дел од рускиот извоз, пишува Блумберг.

Русија бара алтернатива за трговија со долари од 2014 година, кога беше погодена од санкции и анексија на Крим. Путин ги обвини САД дека ја користат својата валута како оружје. Крипто банкарите забележуваат дека “децентрализираните пари“ во одреден момент ќе ги заменат фиат -валутите издадени од централните банки.

Централната банка на Русија постојано ги предупредува инвеститорите дека крипто пазарот е крајно произволен и дека дигиталните валути не треба да се користат како средство за плаќање на домашниот пазар. Сепак, оваа земја не планира забрани како оние во Кина, рече оваа недела рускиот заменик -министер за финансии, Алексеј Мојсеев, пренесува Блумберг, повикувајќи се на Интерфакс. Толеранцијата на Путин кон криптовалутите доаѓа по одлуката на Белата куќа да покрене далекусежна иницијатива за одредување на позицијата на политиката за крипто-валути во администрацијата на Бајден, што потенцијално ќе доведе до донесување нови закони.