Путин потпиша указ: Гасот може да се купи само на еден начин

129

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на јавноста откако во Москва потпиша указ според кој странските купувачи на руски гас од утре мора да плаќаат во рубљи.

Тој предупреди дека договорите ќе бидат раскинати доколку другите земји не го платат рускиот гас во рубљи. Таа одлука ја донел, како што рече, поради зајакнување на рускиот суверенитет.

„Кој сака да купи руски гас мора да отвори сметка во рубљи во руските банки. Од овие сметки треба да одат плаќањата за гас, почнувајќи од утре“, рече Путин во телевизиско обраќање. Доколку плаќањата не се вршат на овој начин, ќе сметаме дека клиентите не ги исполнуваат своите обврски, а тоа ќе има свои последици“, додаде рускиот претседател. Никој ништо не ни продава бесплатно, па немаме намера ниту ние да даваме милостина. Тоа значи дека постоечките договори ќе бидат раскинати“, објасни тој.

Путин додаде дека Русија ќе ги спроведува договорите доколку купувачите ги почитуваат новите правила.