Путин предложи валутна унија со Белорусија и Казахстан

19

unija

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека е време да се разгледа идејата за воведување валутна унија во Русија, Белорусија и Казахстан.

“Мислам дека дојде време да разговараме за монетарно здружување на државите членки на  Евроазиската економска унија”, изјави Путин на средбата со претседателите на Белорусија и Казахстан, Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбаев во Астана, јавува RT.

На состанокот Путин нагласи дека заштитата на финансиските пазари е многу полесна кога се работи “рамо до рамо”.

Темата на сребата беше наоѓање начин како да се справат со спориот економски напредок и да се најде решение за проблемите настанати поради падот на цената на сировата нафта.