Путин: Руската економија достоинствено ги поднесува санкциите

83

Руската економија достоинствено го поднесува товарот на западните санкции и покрај сите тешкотии, изјави денеска претседателот на Руската Федерација Владимир Путн на средбата со белорускиот лидер Александар Лукашенко.

„И покрај сите тешкотии, би сакал да напоменам дека руската економија доста добро се справува со товарот на санкциите. Тоа го покажуваат сите главни макроекономски показатели“, рече Путин, пренесува ТАСС.

„Се што се случува бара посебно внимание на економскиот блок на владата, посебни напори, но сè на сè, сакам да истакнам дека овие напори имаат позитивен ефект“, рече Путин, нагласувајќи дека тоа особено влијае на трговијата меѓу Русија и Белорусија.