Путин за 10 години сака да го намали бројот на сиромашни

28

Целта да се намали бројот на жители со приходи под нивото на егзистенција од 13,5 на 6,5% до 2030-та година е амбициозна, но и реална, смета рускиот претседател, Владимир Путин.

“Лошо е што ќе останат 6,5%, но мора да почнеме од она што е реалност. Целта е амбициозна, но може да се постигне“, рекол Путин во своето годишно обраќање пред новинарите.

Во 2000-та година, според Путин, околу 29% од населението во Русија живеело под граница на сиромаштија, пренесува Russia Today.

“Во 2017-та година го достигнавме нивото од околу 12,3% на оние кои живеат под границата на сиромаштија. Сега, за жал, поради проблемите што ги донесе пандемијата, порасна на 13,5%. Тоа е околу 20 милиони луѓе“, рекол рускиот претседател.

Фото: Freepik