Путин забрани отворање на филијали на странски банки во Русија

61

Raifeisen bank russiaРускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој им се забранува на странските банки да отвораат филијали во Русија, објавено е на сајтот на Кремљ.

Со законот се предвидува странските финансиски организации во Русија да можат да работат само преку своите ќерки – фирми и претставништва.

Ваквата забрана се воведува затоа што руските регулаторни органи не можат целосно да спроведат надзор врз филијалите на странските банки, бидејќи начинот на нивното функционирање не е под јурисдикција на Русија.

Забраната за отворање филијали на странски банки всушност веќе е во сила, бидејќи ниту една не е регистрирана, така што потпишувањето на законот е само потврда на постоечката состојба.

На рускиот пазар работат неколку ќерки – фирми на странски банки, како Unicredit и Raiffeisen Bank.

Претходно, Путин поднесе предлог закон до Парламентот со кој на функционерите им се забранува поседување на банкарски сметки и имот во странство. Со овој предлог закон им се забранува скоро на сите функционери, со исклучок на дипломатскиот и конзуларниот персонал, да отвораат и да имаат банкарски сметки во банки надвор од Русија. Во забраната ќе биде вклучено и поседување на хартии од вредност на странски компании. Предлогот се однесува и на жените на функционерите и малолетните деца.

Некои аналитичари на ова гледаа како чекор кон изолација на земјата.