Qatar Airways прогласена за најдобра авиокомпанија во светот за 2017 година

30

qatar

Фото: Qatar Airways

Qatar Airways е прогласена за најдобра авиокомпaнија во светот за 2017 година на SKYTRAX 2017 World Airline Awards, во рамките на Paris Air Show. Оваа авиокомпанија по четврти пат ја добива титулата најдобра, а победник е и во категориите Најдобра бизнис класа во светот, Најдобар лаунџ во прва класа, Најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток. На второ место е Singapore Airlines.

За најдобра авиокомпанија во Европа е прогласена Lufthansa, а за најдобра нискобуџетска авиокомпанија во светот е прогласена AirAsia.

За најдобра авиокомпанија во Јужна Европа е избрана Turkish Airlines, во Северна Европа е Finnair, во Западна е Lufthansa, а во Источна, Aeroflot Russian Airlines.

Наградите се доделуваат по гласање на патниците, а може да се номинира секоја компанија во светот. Во ова истражување земени се во предвид 19,87 милиони одговори, во периодот од август 2016 до мај 2017 година.

Skytrax е компанија со седиште во Велика Британија, која врши рангирање на авиокомпании и аеродроми.