Qatar Airways со загуба од 69 милиони долари

23

Qatar Airways регистрираше губиток од 69 милиони долари за минатата фискална година, оценувајќи ја како година со “најголем предизвик“ за авиопревозникот од Доха, пишува AIN. Како што наведуваат од компанијата за лошиот резултат е “крива“ блокадата што на 5 јуни лани им била наметната од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет.

Според финансискиот извештај Qatar Airways регистирирала понизок раст на прометот и 19% помала пополнетост на летовите во авионите.

Компанијата на којашто и беше забранет влез во 18 градови поради блокадата, беше присилена да ги пренасочува своите летови преку Турција, Иран и Оман.

Од почетокот на кризата Qatar Airways, започна со летови од 24 нови дестинации, што дополнително ги зголеми вкупните трошоци. Заработката резултираше со пад и изнесуваше 483 милиони долари, додека минатата година авиопревозникот оствари профит од 541 милиони долари.